|
Magnum Professional
& О2 речникот е замислен со својата брзина, големиот фонд на јазични правци и
огромниот фонд на зборови
ги задоволи
значително зголемените јазични потреби, од разни речници, на разни јазици од
различни терминолошки ситуации сето наложено од големиот пораст на меѓујазичната
комуникација.
Новите софтверски и
хардверни можности го овозможија создавањето на овој електронски
речник. Интенцијата е да се создаде комплетен електронски речник пред се на
македонскиот јазик. Како кон себе си така и кон другите јазици, со јазична
моќност и програмерски квалитет на рамноправно ниво со постоечките електронски
речници на јазиците од поголеми народи од македонскиот.
Од нашата практична работа добивме несомнен заклучок дека за обичниот Македонец
непознавањето или недоволното познавање на некој од светските странски јазици се
јавува како голема препрека во стекнувањето на информатичкото знаење како и
знаењето воопшто.
Се надеваме дека МагнумПРО&О2 Речникот со своите практични квалитети и својата
ниска цена во време кога меѓујазичната комуникација прогресивно расте
забележително ќе помогне во Македонија за надминување на тие лимити.
Изработката на речниците ја извршија
Magnum Professional
& О2.

видео упатства
|