ПРЕБАРУВАЊЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

АПЛИКАЦИИ


 

 

 

 клик испратете

 свое мислењe за програмите и веб сајтот www.recnici.com.mk

 

 

 

 

 


 МИСЛЕЊА

Другите рекле за нашите производи

 

  ЕНТЕР А1ТВ:

Конечно, дојде моментот кога и ние Македонците, можеме гордо да се пофалиме со квалитетот, кога се во прашање електронските речници. www.recnici.com.mk .

www.recnici.com.mk – Магнум Софт е компанијата која стои зад целиот проект. Станува збор за многу нова софтверска апликација, која има за цел да ви помогне при преведувањето на текстови од различни светски јазици на македонски или пак при откривањето на значењето, на одреден странски збор. Целта на компанијата е да создадат обемен, брз и ефикасен речник, кој ќе му овозможи на корисникот широк фонд на зборови и што е можно поточен превод за истите. МагнумПРО е многу едноставен за користење, а за да се уверите во тоа, преземете ја демо верзијата од овие страници. Неа ќе ја најдете во делот „Симнување“, а овозможено ви е да преземете две различни верзии. Едната е т.н. МагнумПРО пробна верзија, а другата е МагнумПРО демо верзија. Разликата во двете верзии е во тоа што, користењето на првата е ограничено на 7 дена, а втората можете да ја користите бесконечно многу денови, но само 3 пати, по 2 минути во секоја Windows сесија. Колку и да изгледаат страшни, ограничувањата ќе ви дадат доволно време и простор, да се навикнете на интерфејсот и начинот на кој МагнумПРО работи. Со тоа, многу ќе ви биде олеснето при донесувањето на одлуката за евентуално набавување на овој речник. Без оглед на тоа, каква одлука ќе донесете, мое е да ви кажам дека МагнумПРО е финансиски најпристапниот речник, досега направен во Македонија, а за колкава сума се работи, самите можете да прочитате во делот „Ценовник“. Recnici.com.mk е официјалниот web сајт на МагнумСофт, компанијата која покрај речникот МагнумПРО, изработува уште неколку помошни алатки. Повеќе за нив, можете да дознаете од секцијата „Нашите производи“.

                                                                                                    goce@enter.net.mk

 Беким Хоџа:

  Почитувани,

Го инсталирав пробниот речник на PC и стварно сум изненаден, сакам да ви честитам. Заинтересиран сум за вашиот производ но пред тоа би сакал да ве прашам некои работи. По добивањето на кодот, дали ќе има update и/или upgrade на речникот и како ќе може да се добие, ќе се плаќа ли додатно за тоа? Дали ќе може да се инсталира (по добивањето на CD-to) на 2-3 компјутера, на работа, дома, на лаптоп и тн. (тоа е наша потреба бидејќи со сопругата се бавиме и со професионални преводи) или ќе може да се инсталира само еднаш и тоа само на еден PC?

UNDP Economic Revitalization of Former Crisis Areas

Project Assistant

bekim.hoxha@undp.org.mk 

Стефан Мартин:

Благодарност,

   Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и за се што ми помогнавте и да     ве прашам уште нешто....

stmartin@mt.net.mk

Најпрвин да Ви честитам бидејќи навистина сте се потрудиле.
Сега имам една забелешка па Ви нудам решение.
Снимете ја датотеката што Ви ја праќам во папката каде го имате инсталирано демо речникот (не плашете се нема вируси) и кажете ми зарем не е подобро на КИРИЛИЦА ???
Голем поздрав и останете ми со здравје. Чао!!!

prasanja@walla.com

Тања

Почитувани,

Како прво би сакала да ви испратам комплименти за Вашата интернет страна, а потоа би сакала да Ве прашам како може да набавам ЦД-ња за Англиско-Македонски, Македонско-Англиски, Германско-Македонски и Македонско-Германски речници кои би овозможиле брзо пребарување на зборовите или на цели фрагменти. Во очекување на Вашиот одговор, најсрдечно Ве поздравувам

vtanya@freemail.com.mk


Copyright ©2007 Magnum Professional